Преосветување на храмот „Св. Николај“ во с. Стар Истевник - Општина Делчево

image

Преосветување на храмот „Св. Николај“ во с. Стар Истевник - Општина Делчево

На 19. 05. 2018 година, Св. праведен и многустрадален Јов, св. Варвар Воин, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на Неговото Преосвештенство Епископот Тиверополски г. Тихон од БПЦ, по потекло од с. Стар Истевник – делчевско, во сослужение на свештеници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво, во годината кога МПЦ – ОА ја одбележува 1 000 годишнината на Охридската архиепископија, како и Јубилејот 60 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, го преосвети реновираниот храм посветен на „Св. Николај“ во с. Стар Истевник - Делчево, и отслужи Света Архиерејска Литургија.

Реновирањето на храмот е помогнатао од г. Љупчо Атанасов со семејството и месното население. Во беседата Митрополитот г. Иларион братски Му заблагодари на Преосвештениот Епископ Тиверополски г. Тихон од БПЦ, за Неговото присуство и на сите дарители за оваа големо Нивно залагање, од името на МПЦ – ОА, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион, им додели Благодарници.